Идејата дека успешен претприемач и бизнисмен секогаш спие малку веројатно е погрешна. Ова го смета Ерик Шмит, претседател на Одборот на Alphabet, холдинг-компанијата која ги обединува сите бизниси на Google. Шмит има напишано краток напис на веб-страницата на Ариана Хафингтон – „Thrive Global“.
„Прочитав приказни за тоа како најуспешните луѓе спијат малку, а вистинската тајна е дека најуспешните луѓе знаат што му е потребно на телото и спијат, кога е потребно“, пишува Шмит.
Тој додава дека, според студии на пилотите на авионите, тие се справуваат многу полошо кога не спијат. Шмит вели дека не секоја одлука е толку важна како авион полн со луѓе кој слетува, но кога некој донесува одлуки, особено за нивниот бизнис или за нивните животи, добро е да го прави тоа одморен.
„Кога човек е изморен, најлесно се земаат кракторочни решенија. Но, ако е премногу изморен, за да се разгледа ефектот на пеперутката од овие решенија, тој може да си создаде квантен хаос“, пишува Шмит.
„Го знаеме чувството кога сме се наспале и сме будни, продуктивни, полни со енергија и среќни од животот. Тоа се деновите кога животот е на наша страна, лесно е да сме продуктивни и ништо не може да не спречи. Истражувањата покажуваат дека луѓето со неправилен сон се склони кон депресија, јадат многу лошо и се жалат повеќе од оние кои спијат добро“, пишува Шмит.
„Добриот сон ја подобрува физичката и менталната способност да направиме речиси сѐ. Запомнете, здравиот и регуларен сон прават огромна позитивна разлика во квалитетот на живот. Најверојатно не спиете доволно“, завршува Шмит.