Новиот ударен смартфон на Apple, iPhone X, кој беше промовиран изминатата недела, ќе се продава од почетокот на ноември по цена од 999 долари.
Специјалистите за уредите на Apple побрзаа да ја пресметаат вредноста на компонентите на уредот, која се покажа за два пати пониска. Според анализата која ја направи кинескиот сајт ichunt.com, вкупната вредност на компонентите од кои е направен iPhone X, изнесува 412,75 долари за верзијата со 256GB меморија.
Најскап дел во новиот уред е 5,8-инчниот OLED дисплеј направен од Samsung кој чини 80 долари. Следната најскапа компонента е флеш меморијата, која експертите ја вреднуваат 45 долари, а 3 гигабајти RAM меморијата чини само 24 долари. Озлогласениот 10-нанометарски чип A11 Bionic произведен од TSMC, го чини Apple 26 долари, додека 3D сензорот чини 25 долари, а стаклото за предниот панел додава уште 18 долари на салдото.
Сумираната вредност не ги вклучува трошоците за производство, логистика, истражување и развој – пишува кинескиот извор. Пред-нарачките за iPhone X почнуваат на 27 октомври, а верзијата со 64GB меморија ќе чини 999 долари, додека моделот со 256GB ќе се нуди за 1099 долари.