Првата фаза од проектот кој ќе биде најголема гаража за паркирање на велосипеди во светот, веќе е завршена. Лоцирана во Утрехт оваа гаража која во моментот е со капацитет од 6,000 паркинг места за велосипеди, предвидено е до крајот на 2018 да може да прими 12,500 велосипеди.
Кога ќе биде целосно завршена, гаражата заедно со својата околина ќе може да обезбеди паркирање за 22,000 велосипеди.
Досегашниот рекорд го држи Токио, каде во метро станицата Касаи има простор за 9,400 велосипеди. Оваа гаража за велосипеди во Утрехт е дел од поширок проект за развој на централната железничка станица, кој е дело на Ector Hoogstad Architecten.
Гаражата има три нивоа, отворена е 24 часа, користи дигитален систем за пронаоѓање на слободни места, а наплатата се врши преку истите чип картици кои се користат во јавниот градски транспорт. На велосипедистите им се на располагање и услуги за одржување како и резервни делови
Поврзани артикли