Калифорниската дизајнерка Рокси Расел, создаде серија светилки инспирирани од деликатната убавина на медузите. Преку нејзината работа таа се надева дека ќе придонесе со тоа дизајнерите повеќе внимание посветат кон доближување до природата и нејзините процеси. Колекцијата светилки под наслов „Медузи“ е нејзин матурски проект во Колеџот за дизајн во Пасадена, каде што студираше дизајн за „животна средина“.
– Во суштина ние сме поучувани да изградуваме и дизајнираме на земјата, на копно, рече дизајнерката. Јас сакав да ги истражувам односите кои ги имаме со екосистемот од една „подлабока“ перспектива.
– Проектите од разни дизајнери воглавно не оттуѓуват и не делат од природата, се обидуваат да бидат подобри од неа, да ја надминат, но оваа дизајнерка се обидува да го зачува односот со природата, да го зачува она што од природата можеме да го научиме. Таа е следбеничка на идејата „биомимкрија“, односно учење и адаптација на биолошките процеси во решавање на нови проблеми.