Визуелните звучници од јапонската компанија Cotodama во својот склоп имаат 22-инчен LCD екран на кој се прикажуваат стихови од песните, што значи дека добивате анимирани стихови за секоја песна која ја пуштате преку овој уред.
На предниот дел се наоѓаат два звучници со копче за контрола на јачината на звукот, додека на задната страна се наоѓа кружен диск во кој е сместен компјутерот кој ја произведува графиката. Уредот може да ја анализира структурата и расположението на песните пред да го генерира типот на анимации кои ќе одговараат со стиховите. Така, баладите се испишуваат со мек фонт, додека на пример, за рок песни се користат поостри фонтови.
Звучниците Cotodama имаат опција и за WiFi конекција, што им овозможува да бидат компатибилни и со некои апликации како Apple Music, Spotify или iTunes. Стиховите ги овозможува SyncPower Corporation, компанија за дистрибуција на текстови која во својата база има два милиони песни.
Поврзани артикли