Пристигнува апликацијата на ИКЕА за виртуелно „тестирање“ на мебел

Дали има нешто полошо отколку кога ќе го купите саканото парче мебел од ИКЕА, а потоа сфаќате дека тоа не ви се вклопува во просторот како што сте го замислиле?

Не грижете се, бидејќи кон крајот на месец септември пристигнува апликација која може да помогне во тоа. Како што веќе најавиле од компанијата, IKEA разви апликација во соработка со Apple за да виртуелно ви помогне да ги испробате парчињата мебел во вашиот простор, пред да ги купите. На овој начин, ќе можете точно да видите дали ви одговараат димензиите, обликот, дизајнот на парчето мебел во вашиот простор и да добиете јасен увид во тоа како може да изгледа целосно.

Покрај тоа, ќе можете и подобро да ја доживеете самата текстура и материјалот од кое е направено парчето.

Апликацијата ќе биде достапна на крајот од месецот, кога ќе пристигне и новиот iOS 11 update.