Американското министерство за домашна безбедност на САД им нареди на сите владини институции да го отстранат рускиот антивирусен софтвер „Kaspersky“, пренесоа американските медиуми.
Властите во САД се загрижени за врските меѓу официјалните претставници на Касперски и руската разузнавачка служба.
Компанијата со седиште во Москва негира дека е поврзана со Кремљ.
Меѓутоа, обвиненијата за шпионажа во Русија принудија многу трговци во САД да ги повлечат производите на „Kaspersky“.
Поврзани артикли