Samsung Македонија и официјално го претстави новиот супер моќен фаблет Samsung Galaxy Note 8 пред македонската публика. Новиот Note 8 ќе може да се набави од 15 септември кај македонските мобилни оператори, како и низ повеќе дистрибутери на електронска опрема.
На промоцијата во барот „Дистрикт“ беа истакнати главните квалитети на Samsung Galaxy Note 8 како што е новиот 6,3 инчен Infinity Display со формат од 18:9 и Quad HD резолуција, двојната 12 мегапикселна камера за креирање фантастични слики и видеа со оптичка стабилизација, употребата на S Pen за брз внес на податоци и команди, како и неговиот моќен осум-јадрен Exynos 8895 Octa процесор. Отпорен е на вода и прав, има брзо безжично полнење и виртуелен асистент Bixby. Располага со 6 гигабајти RAM меморија. Достапен е во црна, сива, сина и златна боја.
Samsung Galaxy Note 8 на македонскиот пазар ќе биде достапен од 15. Септември во две бои – Полноќно Црна (Midnight Black) и боја на Златен Јавор (Maple Gold), по препорачана малопродажна цена од 59.888 денари.
„Нашиот Ноут бренд има верни корисници, а дури 86% од нив споделуваат дека се заљубени во своите уреди. Корисниците се наша константна инспирација и континуирано тежнееме да им овозможуваме подобрени уреди. Земајќи го ова в предвид, го дизајниравме Галакси Ноут8, кој им овозможува на луѓето да направат работи за кои никогаш не помислувале дека ќе можат, и сето тоа благодарение на поголемиот екран, напредното ‘S Pen’ пенкало и моќната двојна камера. Токму овој спој на единствени функции и можности на Ноут8 се причината за лојалноста на нашите корисници.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во Компанијата Самсунг за Адриатик Регионот.
Иако Galaxy Note 8 има до сега најголем екран од сите Note уреди, неговото тесно куќиште овозможува удобно држење на уредот во една рака. Дијагоналата на „бесконечниот” екран од 6,3 инчи Quad HD+ Super AMOLED им овозможува на корисниците да видат повеќе, а да скролаат помалку. Покрај „Multi Window“ опцијата за отварање неколку прозори истовремено, Note 8 воведува и нова функција „Pair” за креирање персонализирани парови на апликации на „Edge“ панелот со истовремено стартување на две апликации. Сега корисниците ќе можат да ги гледаат видео содржините додека пишуваат порака или да се вклучат во конференциска врска додека бројот и дневниот ред на состанокот им стои на екранот.
„Бесконечен“ Екран
Иако Galaxy Note 8 има до сега најголем екран од сите Ноут уреди, неговото тесно куќиште овозможува удобно држење на уредот во една рака. Дијагоналата од 6,3 инчи на “бесконечниот” екран Quad HD+ Super AMOLED им овозможува на корисниците да видат повеќе, а да прелистуваат помалку. Исто така, овој уред на корисниците им овозможува повеќе простор за гледање, читање, цртање, што го прави најдобар мултитаскинг “паметен” уред. Покрај “MultiWindow“опцијата за отварање неколку прозори истовремено, Ноут 8 воведува и нова функција “Pair” за креирање персонализирани парови на апликации на “Edge“панелот со истовремено стартување на две апликации.
„S Pen” пенкало
“S Pen“пенкалото кај Note 8 уредот има потенок врв и подобра чувствителност на притисок овозможувајќи нови начини на пишување, цртање, интеракција со телефонот како и комуникација со пријателите. Со овој модел сега е овозможено и споделување на анимираниот текст или цртеж преку различни платформи кои подржуваат анимирани GIF-ови (AGIF format). Оваа опција претставува целосно нов начин на комуникација која со помош на “S Pen” пенкалото кое креира живи, чувствителни врски и ја оживуваат пораката на корисникот. Со опцијата “S Pen Translate“ корисниците можат во текот на патувањата уште побрзо да преведуваат текстови, цели реченици на дури 71 јазик, како и веднаш да конвертираат единици во странски валути.
Двојна камера со оптичка стабилизација на сликата
Галакси Ноут 8 моделот е опремен со две задни камери од по 12 MP со оптичка стабилизација на слика со широко аголен и теле-фото објектив. Широко аголниот објектив има “Dual Pixel” сензор за брзо автоматско фокусирање, така што на корисниците им овозможува фотографирање на појасни и поостри фотографии дури и во услови на слабо осветлување.Со одбирање на “Dual Capture” опцијата двете задни камери можат истовремено да фотографираат, додека новата опција “Live Focus”служи за контрола на длабочината на полето со можност за прилагодување за подобар ефект во приготвувањето на работната програма, но и по фотографирањето на фотографијата. Исто така, Галакси Ноут8 е опремен и со предна камера од 8 MP со авто-фокус за остри фотографии и видео разговори.
Самсунг Галакси Ноут8 и “S Pen“ пенкалото се отпорни на вода и прашина (IP68 стандард), а пишувањето на екранот е возможно и кога тој е мокар. Уредот поддржува брзо безжично полнење, а исто така нуди и широк спектар на опции за биометриска автентикација – вклучувајќи и снимање на ирисот на окото и отпечаток од прстот преку Samsung Knox. Со 6 GB RAM меморијата, процесорот од 10 nm и меморијата која може да се прошири до 256 GB, Note 8 е одличен за брзо пребарување, вклучување на содржини на интернет, играње на игри и извршување на повеќе задачи одеднаш.
Галакси Ноут 8 овозможува користење на “Samsung DeX“ опцијата кога на корисниците им е потребно лесно да ја префрлат работата од својот телефон на десктоп комјутер. Исто така, овој уред ја поседува и гласовната команда Бигзби (Bixby) за лична интеракција на корисните со својот телефон.Самсунг останува посветен на безбедноста на корисниците, така што батеријата на Galaxy Note 8 уредот го помина најригорозниот тест во оваа индустрија за проверка на безбедноста на батеријата која се состои од осум чекори.
Самсунг за прв пат ја претстави Ноут серијата во 2011 година. Според истражување на Самсунг, 85 проценти од корисниците на Ноут уредите велат дека се горди сопственици на својот Ноут фаблет и дека го препорачуваат на своите пријатели, додека 75% од нив велат дека е најдобар уред од сите што до сега ги имале.
За повеќе информации поврзани со уредот Galaxy Note 8, ве молиме посетете ја веб страната: www.samsung.com/rs.
Поврзани артикли