Кинеската компанија Xiaomi на денешниот настан во Пекинг ќе ги претстави смартфоните Mi Mix 2 и Mi Note 3
Компанијата ќе го пренесува ласнирањето во живо на својата веб-страница. Презентацијата исто така ќе се пренесува во живо и на Facebook страницата на Xiaomi. Засега не постојат многу детали за овие два телефони, иако претходно беше објавено дека Mi Mix 2 е дизајниран во соработка со познатиот дизајнер Филип Старк.
Xiaomi Mi Mix 2 е наследник на паметниот телефон Mi Mix, кој беше лансиран во октомври 2016 година. Тој е познат по својот екран без рамка. Се верува дека неговиот наследник да продолжи со истиот тренд. Исто така, се очекува да работи со процесорот Qualcomm Snapdragon 835. Оперативниот систем би требало да биде MIUI 9 кој е базиран на Android Nougat. Компанијата неодамна ја претстави најновата верзија на свoјот MIUI во Кина. Најверјатно внатрешното складирање ќе биде од 256 GB и капацитет на батерија од 4400 mAh.
Што се однесува до Mi Note 3, тој е наследник на Mi Note 2. Коосновачот на Xiaomi, Лин Бин, неодамна го постираше на неговата Weibo страница. Mi Note 3 ќе доаѓа со Snapdragon 835, 8GB RAM и 256GB меморија. На задната страна, ќе се наоѓа дуален систем камери од 12 мегапиксели со dual-LED блиц. Ќе работи на батерија од 4070mAh и Android Nougat.
Поврзани артикли