Иако технолошкиот гигант Apple објасни дека го укинува влезот за слушалки поради недостаток на простор во самиот уред, 38-годишниот маж одлучи да ја преземе работата во свои раце и сам да го реши овој инженерски проблем.
По четири месеци и неколку потрошени илјадници долари, Ален пронашол решение, а својата авантура ја забележал со 33-минутно видео.
За да направи повеќе место за портот, Ален користел специјална алатка за стругање на цврстиот материјал (како алуминиумот) кој се наоѓа на телефонот.
Потоа го искористил малиот адаптер на Apple кој овозможува поврзување на стандардниот џек со лајтнинг портот во iPhone.
Освен адаптерот, тука е и електронската плочка која Ален сам ја дизајнирал, а која служи како некој вид внатрешен прекинувач кој овозможува слушање музика со помош на џекот или полнење на уредот по пат на lightning портот.
Поврзани артикли