Nike лансираше нов пар спортски обувки кој на корисниците им овозможува да си ги декорираат самите. Луѓето можат сами да изберат каде ќе го стават знакот на Nike со помош на сет од алатки кои доаѓаат во комплет со патиките Nike Gakou Flyknit.
Ова е уште една возбудлива креација на Nike. Nike Gakou Flyknit доаѓа во пакет со бои, логото на Nike Futura и знакот на Nike. Корисниците избираат какво ќе им биде логото на патиките. Патиките Gakou Flyknit се направени од кожа, над која има слој Flyknit и гумен ѓон. Ги има во бела и црна верзија.