На крајот на октомври, Microsoft ќе биде домаќин на специјален медиумски настан во Лондон, каде што ќе ги претстави новите пополнувања на својата хардверска серија „Surface“, вели „The Verge“.
На 31 октомври и 1 ноември, во главниот град на Обединетото Кралство, ќе се одржи следното издание на конференцијата „Future Decoded“, а на неа ќе говори шефот на „Surface“ – Панос Панаи.
„Microsoft“ традиционално ги објавува новите „Surface“ производи во октомври, така што времето е особено погодно за премиери.
Извори на изданието велат дека на настанот ќе видиме барем еден нов уред. Можно е да се види претходно ветената LTE верзија на „Surface Pro“, па дури и наследници на моделите за „Surface Book“ или „Surface Hub“.
Подоцна во текот на годината, се очекуваат лаптопи со Windows 10 и ARM процесори на Qualcomm од различни партнери, но сé уште не е јасно дали „Microsoft“ ќе пушти еден во серијата „Surface“.
Поврзани артикли