За разлика од другите друштвени мрежи, на Snapchat не постои очигледен начин да проверите дали некој ве „откачил”. За работите да бидат уште понеразбирливи, на „откачените” контакти и понатаму можете да им праќате пораки, се додека буквално не ве блокираат.
Добар знак дека некој повеќе не ве сака на Snapchat е да не ги гледате неговите фотографии и видеа. Благодарение на подесувањата за приватност, кога ќе видите нечија Story, ова не мора да значи дека ве вратиле помеѓу пријателите. Збунети? Eве како да проверите дали некој и понатаму ви е пријател на Snapchat или не.
Погледнете ја неговата икона – ако над неа се наоѓа број, односно snapcore кој го прикажува вкупниот број на испратени фотки и видеа, не грижете се – уште сте пријатели. Ако не ве следат, нивниот snapcore ќе биде скриен.
Ако некој не ве следи, иако вие го следите, значи дека престанал да ве следи, ве блокирал или дека никогаш воопшто не ве следел.