Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека се случил спамерски напад со „илјадници политички реклами од 470 неавтентични профили“ од Русија, во пресрет на минатогодишните претседателските избори во САД.
Лажните профили сега се неактивни, тврди главниот уредник на бугарскиот портал „Инвестор“, Бојчо Попов.
– Тие реклами чинат над 100.000 долари, и биле пуштани од јуни 2015 до мај 2017 година. Тие не се однесувале на конкретни кандидати, но содржеле теми кои го поларизираат американското општество, како оние за имиграцијата, правата на хомосексуалците и така натаму, објаснува тој.
Според него, јадрото на таа руска „фабрика за тролови”, било во Санкт Петербург.
Поврзани артикли