На настан закажан за 12. септември, Apple ќе ги претстави новиот iPhone 8, 7s и 7s Plus. Но, дали така ќе бидат наречени ќе имаат новите модели, не е баш сигурно.
Се појавија шпекулации дека компанијата во последен момент ќе ги промени имињата под кои ќе се продаваат новите модели на iPhone.
Па така, iPhone 8 наводно ќе стане iPhone X, а римската бројка во името ќе ја одбележи 10-годишнината од претставувањето на првиот паметен телефон кој стана масовно прифатен и глобално популарен. Моделот iPhone 7s всушност ќе се вика iPhone 8, а 7s Plus ќе го носи името 8 Plus.
Според друга шпекулација, новиот модел ќе се нарекува iPhone Edition, додека другите два модела ќе ги добијат имињата 8 и 8 Plus. Овие шпекулации не се новост бидејќи беа меѓу првите што се проширија за годинешното издавање на смартфонот на Apple.
Дали има вистина во нив, ќе се дознае на 12 септември, кога ќе бидат претставени новите уреди, кои би можеле безжично да се полнат, да немаат рамка на екранот и да бидат навистина скапи. Според блгерот Benjamin Geskin, iPhone X со 64GB меморија ќе чини 999 долари. Но, доколку ви е потребно повеќе меморија, верзијата со 256GB ќе чини 1099 долари, а онаа со 512GB ќе биде 1199 долари.