Moto Z2 Force Edition е телефон со екран кој не може да биде скршен и дизајниран е со намера да ги надмине најдобрите телефони на денешницата. Ќе чини 799 евра.
Располага со 5,5 инчен екран со резолуција од 2,560 х 1,400 пиксели кој што е заштитен со “ShatterShield” технологијата. Моторола оваа технологија ја воведе во 2015 година и докажано е дека функционира прилично добро со оглед на тоа што колку пати и да ви падне телефонот, екранот нема да се скрши.
Иако екранот не може да се скрши, сепак не е целосно отпорен на гребнатинки, а можеби единствениот недостаток му е тоа што не е целосно водоотпорен. Од Моторола тврдат дека има „водоотпорна нано-обвивка“.
Поврзани артикли