NPU (Neural Processing Unit) е нова технологија за чипсте која ќе овозможи воведување на нова вештачка интелигенција на пазарот и нов начин на користење на мобилните уреди.
Официјално, Huawei Mate 10 и Mate 10 Pro ќе работат на најновиот и моќен Kirin 970 процесор. При претставувањето на Kirin 970, Huawei сподели дека чипот поддржува дуален систем камери, една во боја и една црно-бела за подобри слики при ниска светлина. Истотака, овозможува побрзо сликање и помалку матни фотографии.
Изработен со користење на 10-нанометарски процес, чипсетот поседува 5.5 милијарди транзистори на површина од еден квадратен сантиметар. Во споредба со четиријадрениот Cortek-A73 CPU, новата хетерогена компјутерска архитектура Kirin 970 има до 25 пати подобри перформанси и 50 пати поголема ефикасност.
Телефонот за да стане поинтелигентен му треба „мозок“, а Huawei го направи токму тоа – неурална единици за процесирање во рамките на новиот Kirin 970 чипсет кој ќе биде само прв во низата чипсети што ќе се најдат во следните Huawei телефони и таблети. NPU (Neural Processing Unit) е нова технологија за чипсте која ќе овозможи воведување на нова вештачка интелигенција на пазарот и нов начин на користење на мобилните уреди.
Huawei Mate 10 и Mate 10 Pro ќе бидат претставени во Минхен на 16 октомври. Се очекува да имаат edge-to-edge дисплеј. Бидејќи ќе има две верзии, се шпекулира дека поголемиот ќе се продава за 1000 долари, а помалиот за 555 долари.
Поврзани артикли