Популарната апликација за барање партнери во САД доби надградба која за пет долари месечно го олеснува животот и донесува поголем број партнери.
Услугата го носи името Tinder Gold, а од денеска е достапна во САД. Tinder Gold и Likes You беа тестирани во Аргентина, Австралија, Канада и Мексико, а конечниот резултат стигнува на американската територија.
Проблемот кај Tinder отсекогаш бил балансирање на самиот гејминг елемент и конкретната корисност. Оние кои буквално бараа некого често наидуваа на луѓе кои ја користеа апликацијата само за да ги оценуваат другите. Пред доаѓањето на Likes You, единствениот начин на кој корисниците на Tinder всушност можеа да им пристапат на сите кои ги лајкуваат е да потегнат во десно – на апсолутно секого.
Блокадата на преголемиот број потези во десно тоа донекаде го санираше, но Likes You е супер затоа што на контото на љубопитноста заработува на бројните корисници. Компанијата, имено, тврди дека на Tinder се случуваат 1,6 милијарди повлекувања или потези дневно.