Јужнокорејската компанија Samsung пред IFA саемот претстави уште еден носечки уред. Покрај Gear Pro паметниот часовник, тука е и Gear Fit 2 Pro носечкиот уред. Се работи за помала надградба на постоечкиот Fit 2 модел. Главната разлика меѓу Fit 2 и Pro варијантите е новиот дизајн. Новиот модел доаѓа со две нови опции на ремени, кои изгледаат убаво, но се и функционални.

Samsung во текот на IFA го презентираше и Gear Sport. Samsung Gear Sport го карактеризира минималистички дизајн, кружен Super AMOLED дисплеј со 360х360 резолуција и подобрен кориснички интерфејс. Gear Sport е носечки уред наменет за спортистите и оние кои уживаат во спортските активности.

Gear Sport е добро опремен носечки уред, за да издржи се во текот на спортските активности – отпорен е на ураду со MIL-STD-810G стандардот, водоотпорен е и совршен за пливачите. Тука е и апликацијата Speedo On, наменета за тренирање при пливање и може да мери кругови, замавнувања и други параметри во текот на пливањето.