Астероидот 2021 TC4 кон крајот на годинава ќе се приближи и безбедно ќе мине покрај Земјата.
Тим научници од НАСА и ЕСА внимателно го следи движењето на астероидот 2021 TC4, кој на 12 октомври ќе мине покрај Земјата, на оддалеченост од 43.500 километри.
Научниците се заинтересирани за овој астероид и поради неговата големина, астероидот е голем меѓу 10 и 30 метри во пречник или со приближно истата големина на метеорот што експлодира над рускиот град Челјабинск, во 2013 година.
Движењето се следи внимателно, со посебни инструменти вклучувајќи ја Големата телескопска опсерваторија на ЕСА.