Шефот на мултинационалната технолошка компанија Apple, Тим Кук е награден со 560.000 акции на фирмата поради добрите резулати во минатата деловна година.
Откако Кук е на чело на „Епл“ тој редовно добива годишна исплата во акции, а ова е четвртипат како добива максимална можна исплата.
Согласно договорот што Кук го има со компанијата и во следните десет години тој треба да добие уште шест пакети акции.
Акциите на Apple во месец август достигнаа рекордни 159,75 долари, така што Кук доби чек со 89,2 милиони долари во акции.