Во моментот кога Facebook беше обвинетдека директно влијаел, а претседателските избори во САД и го поставил Доналд Трамп во фотелјата на најмоќниот човек на светот стана јасно дека феноменот на лажните вести прераснува во нешто навистина сериозно. Секако дека Facebook не пресуди кој ќе биде претседател на САД, но не може да се игнорира фактот дека најпопуларната социјална мреќа има влијание врз политичките случувања во светот.
Марк Цукерберг се обиде реално, колку што може, да објасни дека Facebook не влијаеше на конечната одлука и вети дека ќе направи се за ширењето лажни вести на Facebook да се сведе на најмала можна мера. Оттогаш Facebook во соработка со партнери направи многу. Вработи луѓе чија задача е да следат објави и да означуваат лажни вести, ги подобри алгоритмите, соработува со повеќе партнери кои имаат врвни алатки за детекција на лажни вести итн.
Сега Facebook ќе удри по џебот на корисниците, односно ќе воведе нова казна за сите кои шират лажни објави – за сите кои го прават тоа најпопуларната социјална мрежа во светот ќе ја укине можноста за огласување. Ако ова не ви звучи доволно сериозно доволно е да знаете дека многумина баш убаво живеат токму од огласување на Facebook затоа што нуди пристап до повеќе од 2 милијарди луѓе во светот. Огласувањето на Facebook не е прескапо и навистина е исплатливо, па сега сите добро ќе размислат пред да пушат лажни вести во етер.
Извор: Zimo.hr