Научници пронајдоа нов начин за загревање плазмата за да може да почне фузија.
Значаен пробив во научните истражувања направиле доктор Џон Рајат и неговите соработници од Технолошкиот институт во Масачусетс со тоа што се блиску до пронаоѓање неограничен извор на енергија, Пишува „Метро“.
Научниците пронашле нов начин на загревање на плазмата, доволно да почне фузија.
Во модерните нуклеарни реактори плазмата се прави од два вида јони, додека новата користи три – водород, деутериум и хелиум.
Технологијата која може да доведе до замена на употребата на фосилни горива се заснова на енергија добиена од Сонцето.
Можноста за создавање толкава количина енергетски набиени јони во неактивен уред има голема корист.
„Со споредување на производите од реакцијата на фузијата, може да проучуваме како се однесуваат јоните“, рече доктор Рајт.
На ова истражување сега да се приклучат и научници од „Џоинт јуропијан торус“ (ЈЕТ) за во својата работа да ги користат добиените резултати.
Доктор Рајт додава дека соработката со ЈЕТ ќе биде од голема корист во понатамошните истражувања.
Поврзани артикли