Фотографиите веќе со години претставуваат еден од главните начини со кој на „Facebook“ ги споделуваме своите животни искуства со другите. „Facebook“ во меѓувреме се одлучи да направи чекор подалеку и воведе фотографии од 360 степени.
Квалитетот на фотографии во иднина ќе бидат подобри со цел да може подобро да се прикажуваат животните искуства, а за прв пат ќе може да се споделуваат фотографии од 360 степени.
Се што треба да се стори е со телефонот да се направи панорамска фотографија или „фотографија од 360 степени“ со помош на различни фото-апликации, а потоа да се постави како секоја нормална фотографија.
„Facebook“ ќе ја конвертира во импресивна слика од 360 степени која луѓето ќе можат да ја погледнат со поместување на телефонот, исто како што се гледаат видео-снимки од 360 степени.
Овие фотографии ќе бидат лесно препознатливи на „News Feed“ затоа што на нивната десна страна ќе се наоѓа икона со приказ на компас.
Новиот вид фотографии на телефонот ќе може да се разгледуваат со лесен допир, повекување или едноставно поместување на телефонот.