Тие кои имаа среќа да растат во 1980-те години, веројатно и денеска се сеќаваат на својот прв компјутер – „Commodore 64“. Според податоците, „Commodore 64“ е најпродаваниот домашен компјутер на сите времиња.
Претставен во август 1982-ра година, а во текот на 80-тите доминираше на пазарот на компјутери.
Уредот беше значително квалитетен, и пристапен за повеќето луѓе, а успеа да го задржи вниманието на купувачите цели 10 години.
Одредени корисници имаа можност да запознаат и малку помоќна верзија од овој компјутер, „Commodore 128“.
„Commodore 64“ се спојуваше со „RF“ кабел во телевизор, а имаше и популарен касетофон, во кој се вметнуваше касета, па со штрафцигер се подесуваше главата на касетофонот, по што стартуваше играта.
Ретко кој имал можност да купува оргинални игри; повеќето „TDK“ касети се набавуваа од пирати, на пазарите. Во денешно време многумина користат емулатори со цел да ги играат своите омилени наслови.