Администраторите на популарниот порнографски сајт xHamster се пожалија за остар пад на сообраќајот за време на сончевото затемнување во САД во понеделникот, објави Mashable.
За време на целосното затемнување вкупниот број посетители на сајтот е намален за 12%. Во исто време во областите блиски до овој астрономски феномен, сообраќајот е намален катастрофално: во Нешвил – со 43%, во Чарлстон – со 36%, во Портланд – со 36%.
Во градовите во кои затемнување е забележано само делумно, исто така, имаше пад во сообраќајот. Така на пример во Мајами бројот на посетителите е намален за 20%, во Њујорк и Лос Анџелес – со 15%, а во Чикаго – со 9%.
Според претставници на порносајтот пред астрономскиот феномен најзначително намалување на посети имало само при премиерата на шестата сезона на “Игра на престоли”. За споредба бројот на посетителите тогаш е намален за 4,5%.
Потпретседателот на xHamster Алекс Хокинс (Alex Hawkins) истакна дека компанијата не е изненадена од падот на бројот на посети. “Тоа јасно покажува дека порно ѕвездите не можат да се натпреваруваат со вистинските ѕвезди”, рече тој.