SpaceX под водство на Илон Маск сонуваше за вакво футуристичко одело кое повеќе не е сон. Астронаутите кои патуваат во вселенското летало “Dragon” го носат на себе овој сет. Покрај тоа што изгледот е футуристички, првото вселенско одело на SpaceX ќе биде и доста функционално.
Илон Маск, основач и сопственик на компаниите „Спејс екс“ и „Тесла моторс“, ја објави првата фотографија од вселенскиот костим, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на наредните денови. Маск истакнал дека неговиот вселенски костим функционира и дека е конструиран така што двојно ќе го зголеми вакуумскиот притисок.
Костимот е бел со одредени црни делови и многу потсетува на костимите што сме имале можност да ги видиме во научнофантастичните филмови. Маск истакнал дека било многу тешко да се избалансира изгледот на костимот со неговата функција.
Костимот ќе го носат астронаутите што ќе се возат во вселенското летало „Драгон капсула“. Костимот е под притисок и е наменет за астронаутите да го преживеат летот во вселената доколку капсулата изгуби притисок.
Овие вселенски костими ќе бидат користени од страна на астронаутите во вселената, иако следното лансирање е малку подалечно. Костимите се дизајнирани со цел да го издржат притисокот па затоа ќе се носат само за време на лет, а ние може да искажеме мала љубомора на астонаутите на НАСА бидејќи ќе го носат ова одело.
https://www.instagram.com/p/BYIPmEFAIIn/