Јапонските научници успешно тестираа уред што ги користи брановите на океанот за да создадат електрична енергија.
Петдневниот тест се одржа на крајбрежјето на јужниот јапонски остров Кучиношима во префектурата Кагошима.
Прототипот е дизајниран заедно со компанијата ИХИ и организацијата за нова енергија и индустриски технолошки развој.
Идејата е да ги потопат пропелерите во морските струи, кои ротирајќи генерираат енергија. Собраната енергија се пренесува преку кабел на морското дно до постројка која прима енергија на брегот.
За време на тестот, турбините биле ставени во длабочина од 20 до 50 метри. Уредот покажал максимален енергетски капацитет од 30 киловати во текот на тестирањето, иако дизајнерите велат дека може да достигне капацитет и до 100 киловати.
Според научниците, ова е прв успешен тест за ваков уред.
Според компанијата, ваквиот извор на одржлива енергија може да се покаже како поверодостојна од соларната или ветерната моќ, поради својата ниска зависност од климатските услови.
Јапонските специјалисти целат кон тоа да го претворат нивниот прототип во вистински производ до 2020 година.