Не се ни очекуваше помалку од компанија како LG, а сега тие го претставија најголемиот OLED дисплеј на светот – напреден комерцијален дисплеј со екстремно висока резолуција која одговара за најголемиот HD видео ѕид било кога направен.
Ова технолошко чудо може да се погледне каде на друго место ако не во Дубаи ? OLED екранот на LG е поставен во Dubai Aquarium, и е склопен од 820 Open Frame LG OLED дигитални панели за рекламирање. Површината на екранот на финалниот продукт изнесува 706 метри квадратни, а димензиите му се 50 метри должина и 14 метри висина.
Со цел да го постигнат ова, LG соработувале со Emaar Entertainment, кои се оператори на најголемиот аквариум во светот лоциран во Dubai Mall веднаш до Burj Khalifa.
LG одамна велат дека OLED технологијата е иднината на наредната генерација дисплеи, бидејќи таквите дисплеи можат да емитираат сопствена светлина, така што нема потреба од позадинско осветлување кое не само што ги прави екраните покрупни, туку и помалку ефикасни. Оваа технологија ќе овозможи да ги гледаме најдлабоките можни нијанси на црна боја, заедно со практично бесконечните контрастни соодноси и живописни бои.