„Gmail“ е супер онаков каков што е, но тој крие доста интересни опции што го прават многу помоќен и што можат да ви помогнат побрзо и поефикасно да се организирате.
„Labs“
Станува збор за „тест полигон“ за голем број „Gmail“ експериментални опции кои сé уште не се целосно подготвени. Повеќето од нив се корисни ивреди да се испробаат.
Како? Одете во Settings->Labs.
Единствено лоша работа е што одредени опции може да исчезнат во било кој момент.
Вратете ја испратената порака
Може да вратите веќе испратена порака. Едноставно одете во Settings и означете ја опцијата Enable Undo Send. Можете да изберете помеѓу 5, 10, 20 и 30 секунди како период за враќање. После тоа нема враќање.
Кратенки
Можете да видите цела листа на кратенки. Во Settings одете до Keyboard Shortcuts делот. Кога ќе кликнете на Learn More ќе дојдете до страница на која се наоѓаат сите кратенки за „Android“, „iOS“ и за компјутер. Или ако веќе сте на компјутер, отворете го мејлот и притиснете Shift и /.
Пребарувајте паметно
Не дозволувајте да ве измами едноставниот изглед на „Gmail“. Кликнете на стрелката надолу што се наоѓа веднаш после алатката за пребарување за да отворите дополнителни опции.
Паметни одговори
На пораките можете да одговорите побрзо така што ќе изберете една од трите достапни „smart reply“ опции. Опциите користат компутерска технологија која ги формулира одговорите за да имаат смисла.
Блокирајте ги досадните личности
Корисниците можете да ги блокирате така што ќе го отворите мејлот што сте го добиле од нив, ќе кликнете на стрелката надолу покрај опцијата Reply и од тоа мени изберете Block.
Извор: hr.n1info