Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека денеска лансирала нов сателит во земјината орбита, чија задача ќе биде да ја подобри комуникацијата меѓу астронаутите во Меѓународната вселенска станици и Земјата.
Сателитот, произведен од компанијата „Боинг“, е лансиран од космодромот „Кејп Канаверал“ во америкнската сојузна држава Флорида.
– Сателитот ќе им овозможи на научниците, инженерите и на контролорите да имаат пристап до податоците од мисиите на Меѓународната вселенска станици и на телескопот Хабл, се наведува во соопштението на НАСА.
Се очекува сателитот, чија вредност изнесува 408 милиони евра, да биде клучен за комуникацијата со Меѓународната вселенска станица до средината на 20-те години на овој век.