Медиумската куќа HBO во Шпанија по грешка ја емитуваше новата епизода од седмата сезона на серијата „Игра на тронови“, четири дена пред премиерата.
Шестата епизода наводно на претплатниците им била достапна еден час, пред да биде отстранета, што било и повеќе од доволно да биде споделена на Редит, Јутјуб и на други стриминг сервиси.
Новата епизода, исто така, се појавила и на Торент, како и на интернет-страницата Мега.нз.
Пред десет дена, пак, на интернет се појави четвртата епизода од седмата сезона на серијата, три дена пред премиерата.
Иако прво постоеја сомненија дека за тоа се виновни хакери, подоцна беше соопштено дека станува збор за пропуст на дистрибутерската компанија „Стар Индија“.