Нашите телефони би биле практично бескорисни во одредени ситуации доколку ги немаме овие додатоци. Од една страна, претставуваат дополнителни трошоци, но од друга страна знаат да бидат екстремно корисни.
1. Полнач за во автомобил
Доколку возите, тогаш дефинитивно мора да имате барем еден полнач во вашата кола. Денешните паметни телефони знаат да ја трошат брзо батеријата, така што не е на одмет да имате еден ваков полнач за секој случај.
Внимавајте само да купите некој од поквалитетните, бидејќи оние „кинеските“ може да ви ја расипат батеријата и/или телефонот.
2. Држач за во автомобил
Ова е вториот додаток кој морате да го имате, особено доколку користите GPS навигација. Ваквите држачи ги има насекаде, и за разлика од полначот, тука можете да купите и од оние на пазар.
3. Дополнителен мобилен полнач (Power Bank)
Кога ви треба да го користите телефонот, а не сте блиску до штекер, ова е единственото решение.
4. Bluetooth слушалка
5. HDMi адаптери
Повеќето телефони немаат Mini HDMi излез, така што ќе морате да купите адаптери од овој вид доколку сакате да го поврзете вашиот телефон со телевизорот. Потоа, можете да играте игри или да гледате филмови „на раат“.
6. Безжичен полнач
Доколку вашиот телефон го поддржува ова, тогаш дефинитивно треба да го ставите на листата. Заборавете на каблите и уживајте во живот без „сопнувања“.
7. Дополнителна батерија
Освен ако имате iPhone, тогаш можете да си купите уште една батерија и да ја носите со вас за оние кризни ситуации. Внимавајте, батериите на пазар можеби се ефтини, но постои голема шанса да „експлодираат“ и да го уништат вашиот телефон.
8. OTG (USB On-The-Go)
Повеќето телефони денес доаѓаат со огромна вградена меморија, која дополнително можете да ја проширите преку MicroSD картичка. Но, доколку дури и тоа ви е малку, тогаш купете си ваков адаптер и поврзете дополнителна USB Flash меморија на која може да имате илјадници филмови и песни.
9. Pressy
Последниот на листата е еден бонус додаток, кој се уште го нема во Македонија. Pressy претставува дополнително копче за вашиот телефон кое го ставате во 3,5 милиметарскиот џек за слушалките. Потоа, можете самите да конфигурирате за што ќе ви служи ова екстра копче. Цената на Pressy е 27 долари.
Извор: Макфакс
Поврзани артикли