Барем три премиум фаблет уреди се очекуваат во втората половина од оваа година, а главни конкуренти ќе бидат Samsung Galaxy Note 8 и Huawei Mate 10. За Note 8 моделот знаеме речиси се, бидејќи досега имавме прилика да погледнеме фотографии и да ги дознаеме спецификациите на уредот. Сега конечно имаме и фотографии од Mate 10 моделот и мора да признаеме дека изгледа одлично.
EntireView OLED дисплејот изгледа фантастично, со речиси невидлива рамка од страните и многу тенки безели од горната и долната страна. Фаблетот би требало да има 6-инчен екран со резолуција 2160 x 1080 пиксели и размер 18,5:9. Задната страна покажува две Leica камери, а телефонот би требало да го покренува 10 nm Kirin 970 чипсет.
Поврзани артикли