Без разлика дали претходно сте користеле некоја друга платформа, доколку се одлучите за Android, ќе ви биде потребна помош околу изборот на најдобрите апликации за вашиот Android уред.
Oва се само неколку апликации што ќе ви бидат потребни за почеток.
„Nova Launcher“
Апликација што ќе ви овозможи да го приспособите изгледот на вашиот екран како што сакате. Опциите вклучуваат анимации, теми, додатоци и др. Апликацијата е бесплатна, но постои и премиум-верзија со уште повеќе опции доколку ви се потребни.
„AirDroid“
Оваа апликација е како огромен кабел што го поврзува вашиот компјутер со вашиот телефон. Апликацијата ви овозможува да ги префрлите фотографиите и датотеките од вашиот телефон на вашиот компјутер, а ви овозможува и да одговорите на мобилните известувања од компјутер.
„Firefox“
Доколку не сте обожавател на „Хром“ или „Андроид“ пребарувачот, тогаш „Firefox“ е добра алтернатива. Доколку сакате друг пребарувач, „Dolphin“ или „Opera“ се исто така добри.
„LastPass Password Manager“
Оваа апликација дејствува како комбинирана трезорска и автоматска услуга, генерирајќи лозинки и информации за најава за сите вашите веб-страници.
„Email App“
Не е важно каква апликација за е-пошта ќе имате на вашиот телефон, важно е само да имате некаква. Алтернативна апликација е „Blue Mail“. Ви овозможува да се префрлате помеѓу повеќе видови сметки за е-пошта.
„Google Keep“
Апликација што ви овозможува да чувате повеќе белешки кодирани со бои. Можете да додадете фотографии и цртежи за да ги направите поинтересни и покорисни.
„ASUS File Manager“
Управувањето со информациите на вашиот „Андроид“ уред може да биде релативно едноставно ако ја имате соодветната апликација. Оваа „ASUS“ апликација е доста лесна за употреба. Можете да ги менаџирате датотеките од вашиот телефон и од вашиот облак, вклучувајќи ги „Dropbox“ и „OneDrive“. Можете да ги компресирате датотеките за да заштедите простор.
ИЗВОР: Факултети.мк