Најсигурната светска потрошувачка организација наречена Consumer Reports ги отстрани лаптопите и таблетите на семејството на Microsoft Surface од списокот на сигурни уреди поради големиот број незадоволни потрошувачи. Според Microsoft, тестовите на организацијата не биле доволно темелни, па резултатите се ирелевантни.
Consumer Reports е непрофитна организација која работи од 1936 година и се смета за една од најсигурните организации за потрошувачи во светот благодарение на нивниот објективен пристап. Тие беа оние кои ставија „не се препорачува” на новите MacBook Pro (за првпат по подолго време) во септември минатата година. Сега тие ги категоризираат Surface лаптопите и таблетите од оваа иста категорија поради потрошувачките критики. Ова не значи дека е крај на овие производи, како на пример, кога Apple ги разреши драстичните проблеми со батеријата, MacBook Pro моделите повторно беа вратени во категоријата „препорачани”.
„Потрошувачите ни велат дека сигурноста е главен фактор кога избираат таблет или лаптоп”, рече менаџерот на Consumer Reports, Симон Слатер.
Surface производите успеаа да паднат во најлошата категорија врз основа на освртите на потрошувачите откако организацијата спроведе сеопфатна анкета за задоволството на потрошувачите. Се покажа дека еден од четворица клиенти е незадоволен од конкурентските производи на Microsoft. Проблемот лежи во хардверот според одговорите: потрошувачите главно зборуваат за неочекувани замрзнувања или исклучувања, рестартирања и бавното време на одзив на екранот на допир. Незадоволните 25% доаѓаат од 90.741 испитаници – сопственици на уреди, кои се соочуваат со еден од овие проблеми по 2 години употреба.
“Ние не веруваме дека овие наоди точно ги одразуваат вистинските искуства на сопствениците на Surface уредите или ги доловуваат подобрувањата на сигурноста на перформансите направени со секоја Surface генерација”, одговори Microsoft.