Украинската влада одлучи да поведе постапка за ликвидација на компанијата „Антонов“. Според планот, целата постапка треба да заврши во наредните два месеца, вклучувајќи ја и исплатата на долговите на овој државен концерн. Оние делови од компанијата за кои владата смета дека може да се реструктуираат, ќе се присоединат кон државната компанија „Укроборонпром“.
На овој начин ќе згасне компанијата која е основана уште во 1946 година од страна на тогашниот СССР во Новосибирск, и тоа како државна тајна на највисоко ниво. Шест години подоцна, поточно од 1952 компанијата се сели во Киев.
Украина, град со долга традиција во производство на авиони со комплетна инфраструктура. За овие 70 години, произведени се околу 22.000 авиони со префиксот „Ан“, со различна намена – патнички, воени и товарни, меѓу кои и најголемиот товарен авион во светот „Антонов 225“.