Научниците развија тенки и флексибилни батерии за уреди кои се имплантираат во човечкото тело и не користат опасни хемикалии. Наместо тоа ги заменуваат со биолошки компатибилни течности.
Потребно е течностите да се базирани на натриум, така што едната треба да користи солен раствор, а другата – клеточни култури. Оваа иновативна технологија може да го промени начинот на кој се напојуваат мобилните уреди за лично носење (и дури медицинските импланти).
„Досегашните флексибилни батерии користеа запаливи органски или корозивни електролити кои имаат многу лоша компатибилност дури со мобилни уреди, а камоли за медицинските импланти”, објаснува д-р Ванг од универзитетот Фудан во Кина.