Со своите мобилни апликации и верзијата за macOS, Twitter ја претстави Night Mode функцијата, која на апликацијата и дава потемен приказ. Покрај естететските причини, бројните корисници го преферираат ноќниот режим и поради тоа што помага во избегнување на отсјајот на апликациите.
Оваа функција се уште не е стигната на десктоп верзијата на Twitter (не вклучувајќи ги macOS корисниците кои имаат своја верзија на апликацијата). Меѓутоа, забележано е дека Twitter го тестира Night Mode за десктоп корисниците, а скриншотот покажува дека режимот на целосниот сајт му дава потемен изглед.
Засега не е познато како Twitter ги селектира корисниците за тестирање на оваа функција, која се уште не им е достапна на сите корисници. Не е познато ни колку Twitter брзо го донесуваат Night Mode до тестерите и кога оваа функција ќе биде достапна до широкиот број десктоп корисници на популарниот сервис.