Ќе можеме, меѓу останатото, да најдеме рубрики како што се Most Talked About, во која се емисиите за кои најмногу се разговара, What’s Making People Laugh и What Friends Are Watching.
https://www.facebook.com/facebook/videos/10156285678786729/
Пристигнува и нова содржина
Олеснето е и додавањето коментари бидејќи во Facebook сметаат дека коментарите и реакциите на видеото често се составен дел на искуството, колку и самото видео.
Тоа значи дека, ако посакаме, ќе можеме да ги следиме коментароте во реално време и да се поврземе со другите пријатели во текот на траење на емитувањето или да се вклучиме во посебна група за телевизиската содржина што ја гледаме.
Оригиналната продукција на ТВ содржини ќе ги вклучува емисиите на National Geographic посветени на сафари, шеговито кулинарско шоу, емисија во која Мајк Роу ќе ги наградува луѓето поради големина достигнувањата за заедницата и преносот на женската кошаркарска лига, како и преносот на безбол.
Иако соработуваат со големите медиумски партнери, во Facebook ги повикуваат независните творци на видео и ТВ содржини на соработка. За возврат и нудат пристап на публиката, изградба на заедницата и заработка.