Компанијата BenQ во својата линија додаде нов монитор. BenQ EX3501R има дисплеј со 3440 x 1440p резолуција, 100Hz освежување, базиран на VA панел и со HDR поддршка.
EX3501R користи 35-инчен AU Optronics AMVA панел со 21:9 UltraWide размер на страници, додека FreeSync (Adapative Sync) поддржува освежување од 48~100Hz. Мониторот исто така го одликува и 1800R заобленост, 2500:1 контраст, 178°/178° агли на гледање, 4 ms одзив и 300 cd/m² осветлување.
Од портовите се присутни DisplayPort 1.4 (поддржува Adaptive-Sync), два HDMI 2.0 порта, два USB 3.1 porta и USB Type-C порт.
Поврзани артикли