Конзорциумот предводен од компанијата „Сименс“ ја доби зделката за изградба на првиот ветерен парк во Турција, како најповолен понудувач на спроведената тендерска постапка. Инсталираниот капацитет на овој ветерен парк е 1.000MW. Се работи за проект наречен „Обновливи извори на енергија од ветер (YEKA), а конзорциумот има рок од 21 месец за комплетирање на проектот.
Министерот за енергија и природни ресурси на Турција, во изјава за медиумите истакна дека овој проект е од големо значење за Турција и регионот, но дека исто така тој ќе ги зацврсти односите меѓу Турција и Германија.