Националниот институт за стандарди и технологија во САД во јуни 2007 година објави водич според кој сите страници треба многу добро да ги проверат лозинките во случај на пробивање на нивните системи за да осигураат дека се единствени во целост.
Иако голем број на страници не ја нудат оваа опција, основачот на познатата страница „Have I Been Pwned“ покрена нова алатка со која можете да проверите дали вашите лозинки се украдени.
Начинот на кој функционира алатката е релативно едноставен: впишете ја лозинката и таа ќе ја спореди со околу 306 милиони собрани лозинки за да провери дали е единствена. Сите украдени лозинки се достапни во огромната база која програмерите можат да ја преземат и да ја интегрираат во сопствените сајтови. Пред да направите било што, водете сметка никако да не ги внесувате лозинките што моментно ги користите,
Го прочитавте ова погоре? Ако да, слободно посетете го новиот додаток на оваа многу корисна страница.
Пребарувањето на новиот дел на „Have I Been Pwned“ исто така овозможува истражување на лозинките што ги користат луѓето. Верувајте ни – тие знаат да бидат прилично чудни. Неретко луѓето како заштита ги користат, верувале или не, туѓите имиња и презимиња.