Пред неколку дена НАСА објави оглас за офицер за планетарна заштита, односно човек кој треба да ја штити планетата од вонземјани. Агенцијата досега прими многу пријави за работното место, а меѓу нив е и пријавата на деветгодишниот Џек Дејвис.
Откако дознал дека НАСА го бара својот нареден „Офицер за планетарна заштита“, 9-годишниот Џек Дејвис решил да ја поднесе својата апликација за работното место. Џек, кој самиот се смета за „чувар на галаксијата“, смета дека ги има посветеноста и потребните квалификации за да биде успешен во работата.
„Сум ги гледал сите филмови за вселената и вонземјаните кои смеам“, објаснува Џек. „Исто така, сум ја гледал серијата Marvel’s Agents of S.H.I.E.L.D и се надевам дека наскоро ќе го гледам Men in Black“.
Тоа дека нема претходно вакво искуство, тврди Џек, е позитивна работа.
„Многу сум добар со видео игри“, вели тој. „Млад сум, па можам да научам да размислувам како вонземјанин“. „Можеби имам само девет години, но мислам дека одговарам за работата. Една од причините за тоа е што сестра ми секогаш ми вели дека сум вонземјанин“.
When 4th grader and self-proclaimed “Guardian of the Galaxy”, Jack, wrote to us about applying for a job, we replied https://t.co/932pj3Q50B pic.twitter.com/RhcGdnzGAw
— NASA (@NASA) August 4, 2017
НАСА се обидела да му ја соопшти тажната вест на малиот Џек на најлесниот можен начин. Како одговор од НАСА му пристигнало писмото од Џејмс Грин, кој му одговорил:
„Нашата позиција за експерт за планетарна заштита е супер и важна работа. Станува збор за заштита од ситни микроби кои ги пренесуваме од примероци земени на Месечината, астероиди или од површината на Марс. Исто така се работи за заштита на Земјата од останатите планети во Сончевиот систем. Секогаш трагаме по нови научници и инженери кои можат да ни помогнат, така што се надевам дека ќе учиш и ќе бидеш одличен на училиште. Се надеваме дека еден ден ќе те видиме во НАСА“, му порачал Грин на детето.
Поврзани артикли