Android платформата една од најбрзорастечките гранки во информатичката гранка, која мора да го среди нередот во морето на апликации. Оценките може многу да ви помогнат за да одберете стабилна и доверлива апликација, но тоа не е пресудно за ефикасноста на апликацијата.
Затоа Google воведува нови алгоритми со вештачка интелигенција, кои ќе имаат за задача да ја следат стабилноста на апликацијата. Со тоа рангирањето на апликациите ќе се промени кога корисниците ќе пребаруваат. Android дефинитивно сака да се подобри, односно преферира квалитетни апликации во Google Play Store, без разлика дали се бесплатни или не. Тоа значи дека бавните и проблематични апликации нема да излегуваат на резултатите први.