Метеорскиот дожд Персеиди е можеби најплодоносната појава од ваков карактер покрај Геминидите кои се појавуваат во средината на декември. Сепак, летните услови ги прават Персеидите многу попријатни за набљудување, велат од Астрономското друштво Орион.
Оттаму предвидуваат дека Персеидите оваа година ќе имаат вообичаена активност од 50 до 80 метеори на час и најдобро време за набљудување ќе биде ноќта на 12 август од задисонце околу 21:00 до 22:30 кога излегува Месечината. Според нив, во овој период предноста е што Месечината ќе ја нема на небото да ги „сокрие“ побледите метеори.
По изгревање на Месечината ќе може да се набљудува метеорскиот дожд, но нејзиниот сјај ќе пречи во забележувањето на најбледите метеори и се очекува бројот на забележани метеори да опадне околу 20 отсто.
За да можете да се видат што повеќе метеори треба да се биде оддалечен од светлосното загадување на населените места. Персеидите ќе може да се набљудуваат неколку вечери пред и после максимумот, но во значително помал број.
Оваа година, кулминацијата се случува на 12 август во 19:00 ч. Честиците што го предизвикуваат метеорскиот дожд Персеиди се исфрлени од кометата 109П/Свифт Татл. Оваа комета последен перихел (приближување до Сонцето) било во 1992, но кометата била без некоја голема активност или сјај за да била набљудувана со голо око, појаснуваат од астрономското друштво.
Персеидите се движат со 200.000 км/ч во однос на Земјата, односно Земјата орбитира околу Сонцето со 110.000 км/ч и радијалната брзина на Персеидите во однос на еклиптиката е околу 90.000 км/ч.
Пред да го дочекаме новиот метеорски дожд, да се потсетиме на ланскиот, снимен над селото Герман:
Еве еден забрзан (time-lapse) филм на увид за тоа како изгледа кога од ведро небо на планина целото ќе се наоблачи за помалку од саат време. Облаците буквално се формираа над нашите глави. Колку бргу се наоблачи, така и се расчисти, пред разденување. Снимано со fish-eye објектив кој го покрива безмалку целото небо, на монтажа со водење. Локација: село Герман. Гледајте го во HD квалитет за повеќе детали.Фото/видео: Goran Petrov
Posted by Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society on Недела, 14 август 2016