Првата музејска изложба во виртуелната реалност посветена на Никола Тесла, од сега покрај во Музејот на Никола Тесла во Белград е достапна и на мобилна апликација.
Direct Media, најголемата маркетиншко-комуникациска агенција во регионот, ја донираше изложбата “Доживеј го Тесла” на Музејот на Никола Тесла оваа година, во која прослави 15 години од своето успешно работење, а потоа креираше и апликација за мобилни уреди и уреди кои ја поддржуваат технологијата на виртуелна реалност.
“Со креирањето на мобилната апликација, како дополнително искуство покрај изложбата, сакавме да го приближиме единственото искуство на интеракција со големиот научник и сите негови почитувачи од целиот регион и остатокот од светот кои не се во можност да го посетат Музејот на Никола Тесла”, изјавуваат од Direct Media системот.
Со соработката со Digital Mind, чиј тим ја креираше изложбата, Direct Media направи чекор напред во користењето на технологија во музеологијата. Како изгледа да се стои покрај Тесла и неговата хидроцентрала на Нијагарините водопади, да асистираш во Колорадо спрингс или на платформата на кулата на Лонг Ајленд, каква била собата на Тесла во познатиот хотел “Њујоркер”, а каква неговата визија за иднината? Овие визуелни сцени се дел од изложбата во виртуелната реалност “Доживеј го Тесла” која во јуни е прикажана и на најголемиот саем за енергетика Експо 2017 во Астана, главниот град на Казахстан.
Мобилната апликација на англиски јазик “Nikola Tesla Experience” може да се симне преку Google Play или Apple App Store, а повеќе информации за изложбата се наоѓаат на сајтот www.nikolateslaexperience.com и www.doziviteslu.com.
Direct Media е присутна во осум земји од регионот: Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија и Бугарија и има 15 години успешна работа во медијскиот адвертајзинг, маркетинг и комуникации.
Поврзани артикли