Синџирот ресторани за брза храна Kentucky Fried Chicken (KFC) по повод 30. роденден од своето работење во Кина ќе лансира лимитирана серија паметни телефони. Телефоните компанијата ги пушти во продажба во соработка со кинеската компанија Huawei. Црвениот KFC Huawei 7 Plus ќе биде произведен во само 5.000 примероци, а ќе го има логото на компанијата и инсталирана мобилна апликација на KFC.
Телефонот ќе обезбедува и пристап до новата збирка музика на KFC на апликацијата, Kmusic. Ќе се продава по цена од 162 долари и ќе може да се купи во виртуелната продавница на KFC на кинеската платформа Tmall. KFC го отвори својот прв ресторан во Кина во 1987 година во непосредна близина на пекиншкиот Плоштад на небесниот мир. Денес компанијата Yum China, која ги опфаќа KFC, Pizza Hut и Taco Bell управува со повеќе од 7.600 ресторани во Кина. Интересно е и тоа што Huawei, со кој соработува KFC, годинава го слави 30тиот роденден.
Извор: poslovnidnevnik.hr