Google планира да воведе нов систем со кој би ги предупредувал корисниците на катастрофи, терористички напади и разни други кризи на кои би можеле да бидат изложени.
„Ако корисниците побараат локација или некој настан на кој има кризна ситуација, на самиот врв на пронајдените резултати од пребарувањето ќе им се појави итно предупредување“, рекол потпретседателот на инженерскиот оддел на Google, Јоси Матијас.
Предупредувањето ќе содржи мапа, нови извештаи и информации од властите, како и важни итни телефонски броеви.
Информациите што ќе ги испраќа Google ќе пристигнуваат од властите или од организации, како, на пример, Црвениот крст, метеоролошки агенции и други доверливи извори.