Најдолгиот висечки пешачки мост во светот вчера беше пуштен во употреба. Мостот се наоѓа во Ранда, Швајцарија и e на висина од околу 28 ката над земјата над клисурата Грабенгуфер. Мостот се градеше само два и пол месеци, долг е околу 500 метри, а висок околу 85 метри.
Планинарите сега можат повторно да пешачат по познатата планинарска патека Europaweg (Europe Bridge), која опфаќа некои од највисоките врвови во Швајцарија, благодарение на мостот Europabruecke, кој ги поврзува населените места Грехен и Цермат.
Новиот мост го заменува претходниот кој беше затворен во 2010 година поради штети настанати од одрони на камења. Бидејќи мостот е широк само 65 сантиметри и е на огромна висина, локалните власти предупредуваат дека е само за планинари кои не се плашат од висина.